top of page

Планети:

Меркур

Венера

Земја

Марс

Јупитер

Сатурн

Уран

Нептун

Плутон

Земјата — една од деветте планети во Сончевиот систем. Таа е трета земја по оддалеченост () од Сонцето и најголема планета со цврста површина, за разлика од гасовитите „џинови”. Планетата земја има еден природен сателит, Месечината, и засега е единствената позната планета на која има живот. Во геологијата преовладува мислењето дека земјата е стара околу 4,6 милијарди години

 

Таа е трета по оддалеченост од него и орбитира на просечна оддалеченост од 149,6 милиони километри (1AU). 

Земјата од перспектива на астронаут

Според составот не се разликува многу од останатите внатрешни планети. Разликата е во тоа што е нешто поголема од нив (дијаметарот на екваторот е 12756 km) и има најголема густина од сите планети, 5,52 пати поголема од густината на водата. Внатрешната структура содржи четири региони помеѓу кои промената на густината е скоковита. Внатрешното јадро, кое се наоѓа во цврста состојба, е воглавно составено од железо и негови легури со никел. Температурата во центарот на јадрото е 7500 К, што е за околу 1500 К повисока од температурата на површината на Сонцето. Надворешното јадро е има сличен состав, но е во течна состојба. Обвивката во најголема мера е составена од цврсти силикатни карпи чија густина кон површината опаѓа. Најнадворешниот слој е земјината кора (литосфера) чија дебелина варира, од 5km под океаните, до 30km под континентите. За разлика од другите тела во Сончевиот систем,

 

Засега единствено на Земјата со сигурност знаеме дека постои живот. Тоа се должи на фактот дека водата и кислородот тука можат да се најдат во изобилство. Но кога некој би ја посетил Земјата во нејзината рана историја, таа воопшто не би изгледала на денешната "сина планета", туку повеќе или помалку слична како останатите негостољубиви планети. Раната атмосфера се формирала од вулканските гасови кои воглавно содржат вода и јаглерод диоксид. Како што Земјата се ладела, водата се кондензирала во океани оставајќи го јаглерод диоксидот осамен да ја формира тогашната атмосфера која била погуста од денешната. Јаглеродниот диоксид се раствора во вода формирајќи јаглеродна киселина која реагира со карпите на океанското дно, процес при кој се создаваат карбонатни (јаглеродни) карпи. На овој начин количеството на CO2 во атмосферата постојано се намалувало (и сеуште се намалува). При процесот на фотосинтеза растенијата, се разбира откако се појавиле, јаглеродниот диоксид го претвораат во молекуларен кислород (О2). Атмосферата со застапеност од 22% О2 (како денес) постои од пред 2,5 до 2 милијарди години. О2хемиски многу лесно реагира. Со многу хемиски елементи и соединенија формира оксиди, со водородот реагира создавајќи вода итн. Затоа кога би ги снемало растенијата тој целосно би исчезнал за стотина милиони години.

Вселена 2015

    bottom of page