top of page

Планети:

Меркур

Венера

Земја

Марс

Јупитер

Сатурн

Уран

Нептун

Плутон

Млечен пат

Нашата Галаксија

Млечен Пат (лат. Via Lactea); народен назив; Гумно или Кумова Слама— спирална галаксија која припаѓа на локалната група на галаксии во нашиот универзум. Иако Млечен Пат е само една од милијардата галаксии кои егзистираат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвотот и е дом на нашиот сончев систем. Терминот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што есоѕвездието – Стрелец, кон галактичкиот центар.

Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во дијаметар, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди.

 

Старост

Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 милијарда години, или врсник на нашиот универзум. Овие бројки се базираат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.

Местото на нашето Сонце во галаксијата Млечен Пат

Сонцето, а со тоа и Земјата и соларниот систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Раката на Орион, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсека од галактичкиот центар. Далечината меѓу Орионовата рака и Раката на Персеј која е следна изнесува 6,500 светлосни години.

На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една орбита околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на соларниот систем е околу 217 км во секунда.

Иднината на Млечен Пат

Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 милијарда години. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу милијарда години.

Вселена 2015

    bottom of page