
Вселена


Сонцето е највпечатливоит објект во Сончевиот Систем. Како најголем објект, тој содржи околу 98% од вкупната маса на системот. Сто и девет Земји би можеле да се наредат долж дијаметарот на сончевиот диск, а внатрешноста би собрала 1,3 милиони Земји. Сончевиот надворешен видлив слој е наречен фотосфера и има температура од 6000°С. Овој слој е шарен заради турбулентните ерупции на енергија на површината.
Сончевата енергија се создава длабоко во јадрото на Сонцето. Тука заради огромните температури (15.000.000°С) и притисоци (340 милијарди пати поголем од воздушниот притисок на морско ниво на Земјата) започнуваат нуклеарните реакции.
Податоци за Сонцето:
-
Маса (kg) 1.989е+30
-
Маса (Земја = 1) 332,830
-
Екваторијален радиус (km) 695,000
-
Екваторијален радиус (Земја = 1) 108.97
-
Процечна густина (g/cm3) 1.410
-
Период на ротација (денови) 25-36*
-
Луминисцентност (ergs/sec) 3.827е33
-
Магнитуда (Vo) -26.8
-
Просечна температура на површината 6,000°С
-
Старост(милијарди години) 4.5
Сонцето веројатно е активно веќе 4,6 милијарди години, а има доволно гориво за уште околу 5 милијарди. На крајот од својот живот, Сонцето ке започне да фузира хелиум во потешки елементи (намногу до железо) и ќе почне да расте. Ќе порасне толку многу што Земјата би била "проголтана", односно ќе се најде во внатрешноста на Cонцето. По милијарда години како црвен џин, ненадејно ќе колабира во бело џуџе - епилогот на ѕвездите како нашата. За да се излади целосно би му биле потребни околу илјада милијарди години.
Хемиски состав:
-
Водород 92.1%
-
Хелиум 7.8%
-
Кислород 0.061%
-
Јаглерод 0.030%
-
Азот 0.0084%
-
Неон 0.0076%
-
Железо 0.0037%
-
Силициум 0.0031%
-
Магнезиум 0.0024%
-
Сулфур 0.0015%
-
Останати елементи0.0015%
Сончев систем
Сончевиот систем е планетарен систем кој се состои од Сонцето и останатите небески тела кои орбитираат (кружат) околу него: 9 планети заедно со своите природни сателити и прстени, илјадиците астероиди и комети, метеороидите и останатиот меѓупланетарен материјал.
Сите планети имаат директна орбита, т.е. тие ротираат околу Сонцето во истата насока во која ротира и самото Сонце; движењето на повеќето сателити е исто така директно. Сонцето е далеку најмасивно тело во Сончевиот Систем, неговата маса е 330.000 пати поголема од земјината. Меѓупланетарниот простор содржи космичка прашина и екстремно малку јонизиран гас (честички од сончевиот ветер)..
Сончевиот систем настанал пред речиси 5000 милиони години, како резултат на згуснувањето на облак од меѓуѕвезден гас и прашина (сончевата небула). Постојат и останати вакви системи кои се центрирани околу други ѕвезди и се викаат „сончеви системи“, а постоењето на дискови од материја кои ги опкружуваат ѕвездите наведуваат на заклучок дека планетите се нус производ од формирањето на ѕвездите.
Растојанијата во сончевиот систем најчесто се искажуваат во астрономски единици кои се означуваат со AU. 1 AU е растојанието помеѓу Земјата и Сонцето или околу 150 милиони километри.

